The Beam, францускиот стартап ја претстави Virgo кацигата дизајнирана за возачите на е-велосипеди. 

Virgo кацигата е направена од поликарбонатна школка обложена со повеќе слоеви на експандирана полистиренска пена. Има поддршка од напреден Mips уред за апсорпција на удари.
Virgo е дело на парискиот стартап The Beam и е специјално дизајнирана за возачи на електрични велосипеди. Достапна во нијанси на бела, црна, тегет или целосно бела, Virgo кацигата има потпирач за брадата, налик на кацига за мотоцикл, како и ротирачки, заменлив преден визир што го штити целото лице на возачот.
Освен што нуди значително поголема заштита за велосипедистите – особено во случај на судар со голема брзина – Virgo тежи помеѓу 580 и 650 грама, што е речиси половина од тежината дури и на најлесните кациги за мотоцикли.
На задната страна Virgo има задно лед светло кое се прицврстува на кацигата со магнет, додека отворите за уши овозможуваат полесно да слушне што се случува на патот.

Популарноста на електричните велосипеди услови лансирање на се помоќни и побрзи модели па е разбирлив и поголемиот интерес за заштита и безбедност на возачите. Иако многу од нив можат да се движат со брзина од 30 до 50 km/h, безбедносната технологија што се користи за заштита на возачите не е на соодветно ниво. The Beam тимот, со новиот Virgo модел, има за цел да ја пополни празнината на пазарот.
Кацигата Virgo до крајот на јуни може да се најде на Kickstarter платформата, по цена од 90 или 118 евра, зависно од можноста за вградување на MIPS Evolve Core заштитата./М.М.

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.