Новата колекција на очила на Valentino ја отелотворува страста на модната куќа за детали и висок квалитет на изработка. Новите очила се создадени за да одговараат на сите вредности во кои во Valentino веруваат: прослава на различноста, преку производ кој го нагласува ваквото уверување.

Колекцијата на очила Valentino, според белешките од промоцијата, ги пренесува вредностите на модната куќа и мајсторството на модата, од нејзината култура до нејзините ритуали. Couture според Valentino е место кадешто процесите остануваат традиционални и единствени, но оставаат можности за експериментирање.

Новите очила на Valentino се произведуваат во Јапонија, со користење на највисок квалитет на материјали и техники. Занаетчиите со децении го учат и го пренесуваат знаењето низ генерации.

Освен женската линија во знакот на мачка, се промовира и унисекс линија со облик на хексагон во големи димензии. Фронталниот дел е од титаниум, од бело злато, со тридимензионални карпести навртки на мостот со V-логото. RFID чипот е на левиот долен дел. Очилата се рачно изработени и имаат 100% УВ заштита./М.М.

You may also like

Comments are closed.