По фантастичниот настап на Тони Цетински, во скопскиот клуб PURE овој петок доаѓа Прљаво Казалиште.
Харизматичниот хрватски ас на поп-рок музиката – Тони Цетински, кој по седумгодишна пауза се појави пред македонската публика, направи одлична атмосфера. Неговиот двочасовен настап беше будно проследен од фановите, а атмосферата кулминираше кога на сцената се појави едно момче од публиката и заедно ја изведоа култната “Лага нас мала“.
Легендарните Прљаво Казалиште, со хитовите кои го одбележаа југословенскиот new wave: „Mi plešemo“, Crno-bijeli svijet“, „Sve je lako kad si mlad“, „Marina“ и десетици други песни кои ги знаат неколку генерации од овие простори во петок ќе ги забавуваат скопјани.
Четвртокот е хип-хоп ден со Boogiman, Mawrteen и Тони Зен, а саботите за диско забава со Dj Branchez и Dj Bobi.
PURE Night Club