Богатиот извор на витаминот Д, протеините и антиоксидансите во печурките, се само некои од причините поради који постојано се зголемува интересот за нив во компаниите за убавина.
За таканаречениот „бум„ со печурките во медицинската козметологија („shroom boom“), говори и постојаното зголемување на асортиманот на производите за кожата, создадени врз база на шитаке, кордицепс, реиши, чага, тремела, копринус и траметес версиколор.
Денес се познати над 14.000 видови печурки и секоја од нив има многу специфични својства. Долгогодишното искуство во нивната примена покажува кои типови се најдобри и за што можат да послужат. Иако не се ново откритие, во моментов нивната употреба доживува експанзија, особено таму каде што се бараат природни алтернативи.
Слично на повеќето трендови, ниту интересот за печурките не е нов феномен. Според студиите направени уште во 2005 година утврдено е дека уникатните видови печурки покажуваат ветувачки антиинфламаторни ефекти и нивната локална употреба може да помогне во заштитата на кожата од негативните влијанија на околината. Тогашната студија занивните составни „миохемикалии„ , откри и интересен природен извор на агенси кои можат да обезбедат основа за нови фармацевтски, козметички и нутриционистички производи.
Така, кордицепсот, користен и во традиционалната кинеска медицина и традиционалната тибетанска медицина за ублажување на знаците на замор на тенот, реишите -кои помагаат во смирувањето на чувствителната кожа иферментираната чагра, која ги отстранува воспалувањата, можат да се најдат во бројни производи за нега на кожата на лицето и на телото.
Издвоивме неколку производи који можат да помогнат во решавањето на проблемите на кожата или, во подобрување на хидратацијата.
Tata Harper маската за лице
Благодарение на бројните состојки, вклучително и на тремела печурка, Tata Harper маската за лице, се обезбедува висока хидратацијата на кожата и тоа за 46% за 24 часа.Маската се употребува еднаш неделно наместо хидратантнакрема и се употребува кај сува и дехидрирана кожа.
Mega-Mushroom серум на Origins
Напредниот серум за лице Mega-Mushroom™ Relief & Resilience од Origins содржи екстракт од лековити печурки.Интензивно ја навлажнува кожата и го намалува црвенилото. Серумот е идеален за употреба на чувствителните области на кожата, ја зајакнува нејзината отпорност и го смирува црвенилото.
Нerbar масло за лице
Маслото за лице е нов производ на Herbar. Во составот гивклучува печурките реиши и тремела који помагаат во хидратација, во смирувањето на чуствителната кожа и воосветлувањето на тенот. Маслото содржи и од семе од коноп и од бакучиол, растителна замена за ретинолот.
Маслото е наменето за чувствителна кожа.
Hydro Masque Exfoliant на Dermalogica
Хидро пилинг маската на Dermalogica е наменета за сува кожа: содржи тремела печурки и бамбусови сфери за нежен пилинг. Обезбедува хидратација и заштита на чуствителната кожа. Ги отстанува одумрените станици овозможувајќи обновање на кожата./М.М.