Моделот Павле Николовски, веќе добро познат во модниот свет, неодамна се врати од Абу Даби и Дубаи, каде што престојуваше две недели. Овој пат нашиот интернационален модел се појави во новата кампања за унисекс накит, создаден од дизајнерката и уметница Јелена Мандиќ, основач на брендот Urijell.
За ова модно искуство Павле вели: Магично и нестварно, Јелена има таква моќ и енергија што, мислам, да и дадете песок – ќе го преобликува во злато. Овие фотографии говорат за една исклучителна арапска фантазија, со примеси на франсускиот стил. Колекцијата на накит го носи името Bonbons de Sole (свилени бонбони).
Јелена Мандиќ живее и работи во Франција, а својата инспирација воглавно ја пронаоѓа во природата и низ нејзините патувања.
Македонскиот интернационален модел Павле Николовски е новото лице на брендот Urijell, истакнуваат од неговата матична агенција Моделс Ин Менаџмент.
Дизајнерката и уметница Јелена Мандиќ од секогаш била фасцинирана со стаклото. Како мис на Србија и Црна Гора во 2005 година има учествувано на изборот на Мис на Универзум, кадешто ја освоено стипендеја за мастер студии во странство. Магистерските студии ги завршува на CERAM академијата во ( Antipolis ) Јужна Франција.
Техниката на работа со стакло, позната како Lampwork, започнува да ја изучува и работи кај Claire Bangme, а се усовршува кај еминентните германски, холандски, италијански и американски мајстори за стакло. Lampwork е интересен процес на изработка на стакло кадешто се користи двоен пламен (плин и кислород) за топење на шипки од проѕирно обоено мурано стакло за изработка на накит.
Фотографиите се направени непосредно пред изложбата, во прекрасните делови на Абу Даби. https://www.instagram.com/urijell/
Моделс Ин Менаџмент