Со инфлацијата заменета со дефлација, со модна интерпретација на искривени времиња, американскиот дизајнер Jeremy Scott го напушта Moschino, брендот што го градеше точно една деценија.

Последните две колекции на Moschino, според модните критичари, претставуваа своевидно заокружување на видувањето на Jeremy Scott на модата и на светот денес. Доколку во пролетно-летната колекција доминираа модели со елементи на надувување, како негов одговор на инфлацијата, тогаш во есенско-зимскиот предлог се се топи, протекува и растекува, токму како кај часовникот на Salvador Dali.

Според Scott живееме во искривени времиња, а работите што изгледаат познати не се такви. Имено, иако шарена, навидум весела, па дури и несериозна, пролетнолетната колекцијата што ја претстави Jeremy Scott се занимава со сериозна тема – инфлацијата. Размислував за вестите и сите на глобално ниво зборуваа за инфлацијатата. Така ја зедов инфлацијата во колекцијата и направив инфлациона надувана колекција, изјави тогаш дизајнерот. Тој го мислеше тоа буквално, уште со првиот изглед, кога на малиот црн фустан, легендарното срце на Franco Moschino е направено на надувување.

Во првата половина од ревијата на есенската колекција, за Scott се изгледа како коментар за економија надвор од контрола: инфлацијата е заменета со дефлација. Ремек-делото на Dali’ од 1931 година е своевиден надреалистички одговор на распаѓањето на верувањето во општество во постојан прогрес.

Како потврда на определбата на Scott според која во колекциите на Moschino треба да има се, кошулите со шилци, што ги носеа манекенките, одеа во насока на Vivienne Westwood, а  во твидовите, мини фустани, некои видоа ново читање на делата на Karl Lagerfeld.

Збогувањето со Moschino, веројатно е крај на еден творечки опус на Jeremy Scott, но и почеток на нов – останува да се види дали тоа ќе биде во неговата модна куќа, или во некој друг звучен бренд./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.