ЗдравјеНасловнаУбавина и здравје

Прв Македонски канабис форум

Итна и целосна декриминализација за канабисот

Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА, со поддршка од О2 Коалиција и ГоСакамВодно  во последните два дена од октомври го одржа првиот Македонски канабис форум. Под слоганот #ЛегализацијаСега, во рамките на канабис on line форумот беа организирани  воведна конференција за медиумите и четири панел дискусии на кои стана збор и е дискутирано за барањата за подобрување на законската регулатива поврзана со оваа по многу нешта исклучителна билка.

Панелите Политика и  Медицина ги модерираше основачот, и сегашен претседател на БИЛКА, Јанаки Митровски, на Бизнис и Човекови права новинарот  Огнен Јанески,  а на панелот Политика – Реџеп Исмаил. Итната, целосна и  сеопфатна декриминализација за медицинскиот канабис, низ неодложни и сеопфатни.промени на законската регулатива се потенцирани и во Барањата на БИЛКА, како и во аргументираните обраќања и согледувања на учесниците и гостите на форумот.

„Сакаме да ги повикаме сите политички фактори, невладини организации, активисти и индивидуалци да се приклучат кон оваа здрава иницијатива. Навистина не знам зошто извршната власт останува наглува за нашите барања кои не се нешто неообјективно или нечуено во светот. Премиерот подолго време зборува на оваа тема, но засега не е сработено ништо и многу е дискутабилно што тој подразбира под декриминилизација на канабисот, истакна претседателот на „Билка“, Јанаки Митровски.

„Бараме и бришење на кривичната евиденција на сите уживатели на канабис кои се илегално гонети согласно Упатството на Републичкото јавно обвинителство за намера за продажба, легализација на канабисот како нормален тек по неговата декриминализација, потоа бараме и дозволено одгледување до десет стебла за медицински цели од лица кои имаат здравствена потреба, која државата ја препознава и до три растенија за рекреативна употреба со задолжителна регистрација од страна на државно тело“, истакна Митровски.

 

Контролата на секој сегмент поврзан со канабисот, според „Билка“, треба да се префрли од Министерството за здравство на Министерството за земјоделство зашто не се работи за опасна дрога или опасно растение.

„Науката не смее да каска и ние мораме да имаме домицилно научно тело кое ќе истражува. Засега нема ниту едно истражување во земјава, напомена Митровски.

 

Барањата на БИЛКА подразбираат:

1.Итна декриминализација на канабис преку измени во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и Кривичниот Законик со законско детерминирање на количина за лична употреба од педесет грама.

2.Бришење на кривична евиденција на уживатели на канабис судени за “намера за продажбa”.

3.Легализација на канабис како нормален тек по декриминализација. Дозволено одгледување на до десет стебла за медицински цели од лица кои имаат дијагнози кај кои канабисот може да помогне и три растенија за рекреативни цели. Задолжителна регистрација при државно тело.

4.Итна измена на Правилникот на Министерство за здравство со проширување на листата на области каде може да се препише канабис, која заглави на четири.

  1. Измена на истиот Правилник во насока на дозвола на препишување канабис и од страна на приватни лекари. За нас е нејасно како хирург во приватна болница може да оперира отворено срце а не може да препише канабис.

6.Воведување на услов за секе правно лице да добие лиценца да мора 10% од производите да ги пласира на македонскиот пазар. Иако максимално го подржуваме развојот на бизнис секторот, сметаме дека е недопустливо како држава да овозможуваме ваков бизнис а целосниот пласман да оди надвор. Која е тогаш поентата и што фајде имаат граѓаните од легализацијата во медицински цели? Ова е ОРИГИНАЛНА идеа на БИЛКА која датира од самото основање во 2017-та.

7.Носење на Закон за канабис како lex specialis со кој ќе се инкорпорираат бројните области кои го тангитраат канабисот, пациентите и уживателите. И ова е оригинална идеа на БИЛКА.

  1. Основање на посебна Агенција за канабис или посебно одделение при МАЛМЕД. Оригинална идеа на БИЛКА од самото основање.

9.Основање на Институт за канабис при Земјоделскиот факултет на УКИМ, преку измени во Законот за високо образование. Оритинална идеа на БИЛКА и неколкумина професори од Земјоделскиот факултет.

 

 

Во светот постојано се истражува, а бројни студии се достапни како во следниве примери: канабисот го забрзува зацелувањето и зацврстувањето на скршените коски;

http://www.independent.co.uk/life-style/health-and-families/health-news/marijuana-can-heal-broken-bones-says-new-study-10398529.html

Активните состојки на канабис можат да ја успорат па дури и да ја запрат прогресијата на Алзхајмер

Marijuana Could Fight Alzheimer’s Disease, A New Study Claims

Мултиплекс склероза (MS)

http://consumer.healthday.com/cognitive-health-information-26/brain-health-news-80/medical-marijuana-may-ease-some-ms-symptoms-study-concludes-687265.html

Comments are closed.

Next Article:

0 %