Освен напиток со кој милиони луѓе ширум светот го започнуваат денот, или, го завршуваат јадењето, кафето станува се повеќе предмет на поширок интерес, како на нутриционистите, така и на козметолозите, додека во медицинските кругови се испитува неговото анти канцерогено својство.
Поради полезното влијание врз кожата, како што е влажењето, отстранувањето на мртви клетки, заштитат од одредени бактерии и превенција на акни, кафето се препорачува и во негата на лицето, како основна состојка во маските за лице, за нега на кожата.
– Таква е хранливата маска за лице, што содржи една лажица црно кафе и едно јајце, потоа маската за потхранување, составена од по една лажица кафе, лимонов сок и јогурт. Состојките се мешаат и аплицираат на лицето, за после 20 до 30 минути да се одмијат со топла, па студена вода, за да се затворат порите.
– За освежување на лицето, се препорачува маска во која, освен лажичка кафе, се додава лажичка минерална вода и половина лажичка масло од кокос, додека во маската за освежување и потхранување, освен лажичка кафе и лажичка мед, се додава и половина лажичка сода бикарбона.

More in:Коса

You may also like

Comments are closed.