Потребни состојки:
– 250 мл масло,
– 250 мл вода,
– 250 гр брашно,
– 5/6 јајца,
– шеќер и цимет за валкање.
Начин на подготовка:
Во тенџере се тураат маслото и водата и се оставаат да зовријат. Кога ќе зоврие течноста се трга тенџерето од огнот, се додава брашното и се меша со миксер да се соедини смесата. Постепено се додаваат јајцата додека се мати со миксерот. Кога ќе се стави 5 -то јајце ако смесата  стане потечна, не се додава 6-то јајце, бидејќи се зависи од брашното како ја апсорбира течност. Смесата која е мека, но не смее да е многу течна,  се става во торбичка за шприц. Во тенџере со повеќе загреано масло се пуштаат во форма на кругови од смесата со шприцот. Кога добиваат златеста боја се вадат со цедалка и се става на хартија да се отстрани маснотијата. Потоа се валкаат во мешавина од шеќер и цимет. Се служат по желба: со чоколаден крем, јас ги послужив со крем од ванила и џем од јагоди.

You may also like

Comments are closed.