Со “The Bridal Fashion Night” во East Gate Mall синоќа заврши  26. издание на Моден Викенд Скопје.

На “The Bridal Fashion Night” беа преставени најновите трендови и дизајни во невестинската мода, програма која преставуваше приказ на креативноста на дизајнерите, со најавангардни дизајни,  неочекувани силуети и комплицирани детали. Ревиите кај невестинската мода се убав миг, во кој моделите избрани на кастинзите чекорејќи по пистата, ги оживуваат дизајните.

Серијата ревии ја отвори Наташа Карчева, со модели од нејзиниот бренд Al Aparel,кој претставува синоним за детали и рачна изработка од најфини материјали.
Од деликатните до авангардни силуети на оваа колекција која остава големи импресии, се гледа уникатната визија на дизајнерката.

Свое ревијално преставување имаше и SIGMA Jewelry, ексклузивниот италијански накит, со новата луксузна колекција за претстојната сезона. Претставени се новите трендови во кои идните невести несомнено ќе се вљубат на прв поглед во раскошниот сет ланчиња, обетки и прстени.

VLORA & KALTRINA- couture collection е модна рефлексија која се базира на филозофијата за елегантна женственост. Секоја нивна креација е рачно изработена, а тоа внимание кон деталите кое е претворено во љубов, ги прави нивните креации од класично елегантни до модерно софистицирани.

Големото финале беше оставено за FA-BU на Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа –Бу”, сонесекојдневни фустани од свежо цвеќе. Фустаните од цветови се иновација во модниот дизајн. Ова се и еко френдли креации, зошто цветовите од  фустаните можат да се компостираат по нивната употреба.

Модниот Викенд Скопје е познат по можноста покрај ревијите на пистата, присутните да имаат можност да комуницираат со дизајнерите. Многу од дизајнерите ја споделија својата инспирација и креативен процес, давајќи им на присутните уникатен увид во светот на невестинската мода.

Освен модните ревии, Моден Викенд Скопје вклучи и јавни дебати на тема одржливост во модата и циркуларна економија, виртуелна ревија и реална изложба, поп ап дизајниран простор за концептуални продавници…сѐ под мотото „Јазикот на етиката и дизајнот”.

Фото |  Гјоргиј Ристоски


You may also like

Comments are closed.