Од отпад до уметнички дела – започнува традиционалниот конкурс Trash for Art.
Собирај амбалажен, електронски отпад и отпадни батерии, направи уметничко дело и стани дел од иницијативата на „Пакомак“ и Нула Отпад ДОО Скопје за почиста и поздрава средина. За најдобрите дела направени само од електричен отпад и само од амбалажа на Прилепска пиварница / Prilep Brewery следуваат специјални награди.
Конкурсот трае од втори до четврти април 2023 година. Сите уметнички дела ќе треба да се достават во Кинотека на Северна Македонија.