Веќе неколку сезони Piccioli настојува со облеката што ја создава да ги импресионира денешните млади. Black Tie колекцијата на Valentino, наменета за наредната есен, е потврда на тој став. Нео-панк групите кои ги разшетуваа просторите на хотелот Salomon Rothschild, имаа накит за лице, тетоважи низ телата и тешки чизми на нозете, што најдобро да ја демонстрира индивидуалноста што сакаше да ја стави во центарот на вниманието, меѓу неговите реинтерпретации и деконструкции на традиционалната формална Valentino облека.

Тенките црни вратоврски – темата на шоуто – беа со големи палта, куси здолништа, бели кошули, и златни обетки. Сепак, монохроматското размислување беше обработено со суптилност и урамнотежено со изливи на модните додатоци во тренд бои кои паѓаат во очи.

Pierpaolo Piccioli инспирацијата за колекцијата ја добил од својата ќерка која за излегување го облекла неговиот црн костуми, бела кошула и црна вратоврска. Тој сфатил дека таа се облекла како нејзе ѝ се допаѓа и дека тоа е начинот на кој се пристапува кон модата – како личен избор на слобода.

Кога Yves Saint Laurent во 60-те со вечерниот женски смокинг ги урнал границите помеѓу машката и женска облека, во Valentino Garavani биле фокусирани на креирањето на јазикот на женственоста, кој ги привлекувалклиентите од високите општествени слоеви, како и холивудските актери. Доколку Piccioli, со темата на оваа колекција, се оддалечува од Valentino, тој во друга смисла,односно кога станува збор за богатството од техники, вештини, за избор на ткаенини и композиции, е целосно верен за Valentino. Под концептот на црна вратоврска, ѕиркаа нежни блузи, пердуви, светликави мини и макси здолништа, надополнети со силни, елегантни, обемни палта./М.М.

Претставувањето на колекцијата може да се проследи тука.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.