Откако Balenciaga успеа да се појави на париската модна недела, медиумите се поделија околу моралниот и етичкиот легитимитет за појавувањето, околу ставот истото раководството да се „поправи„ и да ја смени насоката на модната куќа. Различни се и ставовите воопшто, на примероколу следењето на самиот настан, преставувањето пред јавноста, како и постојаните и нови проетсти за кои не се известува!!!
Во медиумите што известуваат од тековната париска модна недела (Paris Fashion Week) досега се објавени три информации. Во првата, на https://www.businessoffashion.com/ се вели дека креативниот директор на Balenciaga, Demna, се обидува по скандалот да воспостави нова насока за модната куќа која е во сопственост на Kering. Ветувањето за големо ресетирање и помогнало на модната куќа повторно да го потврди статусот на жешка карта на модната недела во Париз ( Paris Fashion Week).
Втората објава е во модниот магазин Вог. Во делот за есенските модни колекции ставено е името на модната куќа и поставени се сликите од есенската колекција. Текст, вест, информација – нема. Дел од манекените кои ги носат моделите на модната куќа, која минатата есен ја тресеше скандал поврзан со педофилија, носеа маски или наочари. Поради повеќе причини, од кои некои се и во доменот на модата. https://www.vogue.com/fashion-shows/fall-2023-ready-to-wear/balenciaga
Третата објава, на порталот Тhe Сut не е од новинар, туку од моден критичар, што донекаде го објаснува навивачкиот однос кон Balenciaga и креативниот директор Demna. Симплифицирано, човекот е млад, способен, многу пари направил за Куќата, па згрешил, па ќе се поправи, па – се во тој стил : https://www.thecut.com/2023/03/balenciaga-shows-after-ad-scandal-with-less-provocation.html
Други новинари, како и дизајнери, вели критичарот, прашале дали мисли дека Demna ќе го преживеел сето – односно дали ќе продолжи во Balenciaga, а одговорот бил позитивен.
Така не мислат оние што протестираат пред бутиците на Balenciaga, што бараат судска разврзница, што стојат зад правата на децата кои, во сето кажано во скандалот, како да се најмалку битни. Само социјалните мрежи и Тик Ток е истрајно со нивhttps://www.facebook.com/100068726936967/videos/1193644584857926