На годинешното, 66-то доделување на Grammy наградите во Лос Анџелес, најголемо внимание доби Beyoncé, која со освоени 32 награди, влезе во историјата на оваа церемонија. Пејачката и официјално стана најнаградувана на Grammy.
Наградата за албум на годината ја доби Harry Styles кој, како и секогаш, привлече многу внимание со својот комбинезон на Egonlab. направен од Swarovski кристали. Lizzo ја освои наградата за снимка на годината, додека Adele, победи со изведбара „Easy on me“, од нејзиниот последен албум.
На забавата огранизирана пред доделувањето на наградите Cardi B непристојно се однесуваше, по што се огласија и бројните фанови, реагирајќи со пост на Твитер.
Доделувањето на музичките награди е секогаш поврзано со модата, а црвениот ќилим е најдобрата потврда за тоа, Внимание привлече Lizzo, со прилагодено Dolce & Gabbana издание, Amanda Gorman со Prada, а следеа и редица смели изгледи, некогаш извесно оддалечени од вкусот. Најдобро облечени пак беа оние кои ја балансираа високата мода со чувство за софистицираност и префинетост.
Doja Cat, на пример, помина пат на преставување на вамп жена во Versace – до комплет со соодветни оперски ракавици. Viola Davis блескаше во фустан со мониста на Naeem Khan, кој блескаше исто така . Најдобриот винтиџ момент на вечерта и припадна на Anitta. Бразилската пејачка носеше винтиџ фустан на Versace од 2003 година.
Кога се во прашање машките изгледи, освен Harry Styles. внимание привлече Steve Lacy со елегантниот црн костум на Saint Laurent, како и дискретниот, кристален брош. Понекогаш и малите детали прават голем впечаток./М.М.