Откако беше објавено дека ChatGPT – популарниот чет-бот за вештачка интелигенција, достигна 100 милиони корисници за само два месеца по лансирањето и дека само во јануари имал 590 милиони посети, се огласи Google. Го претстави Bard, како директен конкурент на ChatGPT.
Имено, Google е под притисок откако развивачот OpenAI го лансираше својот многу популарен чет-бот ChatGPT, кој многумина во технолошката индустрија го истакнуваат како следна генерација на пребарување. Microsoft, кој инвестира милијарди во OpenAI, пред неколку дена ја претстави новата верзија на Bard која, според објавеното, како и ChatGPT, има високи познавања во бројни области но, по само два дена, пројави и грешки во одговорите.
Од Google соопштија дека одговорите на Bard „ја нагласуваат важноста на ригорозниот процес на тестирање“. Компанијата соопшти дека ќе ги комбинира добиените повратни информации со сопственото внатрешно тестирање за да се осигура дека одговорите на Bard „задоволуваат високо ниво за квалитет, безбедност и основаност во информациите од реалниот свет“.
Соопштението доаѓа во време кога ескалира битката за изградба на најточен и најефикасен пребарувач. „Општото чувство е дека ChatGPT и објавата на Microsoft создадоа наратив дека деловниот модел на Google пребарувачот е под закана, вели Mark Riedl, професор на Институтот за технологија во Џорџија.
Google лани прогласи „црвен код“ како одговор на појавата на ChatGPT – потег сличен на внатрешно повлекување на аларм, што ги натера инженерите да бараат брзи одговори за досегашниот несовршен настап на Bard на јавната сцена. Според познавачите, тоа сугерира дека компанијата можеби чувствувала притисок да ја покаже технологијата пред да биде целосно подготвена./М.М.
More in:Вести
H&M и Чарли XCX со ненадеен концерт за сите
Во знак на прослава на празничната колекција на H&M, илјадници љубители на музиката и на ...
Спомените ги чува и телото – не само мозокот!
Општо е познато дека мозокот, односно мозочните клетки – складираат спомени. Но, тим научници од ...
Глен Мартенс – гостин дизајнер на H&M за Есен 2025 година
H&M со задоволство објави една од своите следни дизајнерски соработки – значајно партнерство со Глен ...
Од утре во Скопје Сити Мол „Фестивал на чај“
Со слоганот „Време е за чај“, од утре до 17 ноември, на приземјето во Скопје ...