Непознат за нордиците и препознатлива за украинците, модната куќа Tago на модната недела во Копенхаген (Copenhagen Fashion Week) се престави со колекција наменета за есен-зима 2023 година. Tago со TG Botanical стана добро етаблиран бренд во Украина откако се појави во 2006 година, промовирајќи се како еколошки свесен.
TG Botanical промовира етос фокусиран на природата. Почетната точка за колекцијата насловена „Логос“, претставена во Копенхаген е верувањето во нови енергии. Тоа е метафоричен и буквален концепт, со 29-те парчиња видени на пистата,, исечени од природни влакна и прикажани во палета на необични, прастари техники на боење со растителни пигменти: желади, лушпи од кромид, зрна кафе. Конструкцијата на секој изглед е едноставна и органска, но има изненадувања во текот на целиот сет. Има нешто надежно што одекнува во изјавата дека „креативноста и трудот можат да го променат светот“./М.М.