Парискиот бутик на Louis Vuitton е со масивна, живописна скулптура на јапонската уметница Yayoi Kusama, поставена на врвот на зградата, додека метални точки во повеќе бои ја покриваат фасадата. Внатре точките ги покриваат подот и ѕидовите, а продавачите носат специјално дизајнирани бели мантили со точки. На вториот кат е забавна видео-инсталација на Kusama, заедно со пригодно облечени модели.

Инсталацијата е надополнување и промоција на новата колекција на Louis Vuitton создадена во соработка со Kusama. Таа е позната по тоа што слика и создава бесконечни соби со обоени точки, по што уследија бројни реакции на социјалните мрежи и споредби со точките.
Инаку, колекцијата е со ограничено издание и вклучува чанти, паричници, торби, облека, чевли и модни додатоци, покриени со точки, со потписот на Yayoi Kusama./М.М.
https://www.euronews.com/video/2023/01/25/paris-fashion-week-louis-vuitton-installation-wows-tourists-on-champs-elysees

 

You may also like

Comments are closed.