Hе се сите љубители на „детски“ дизајни коjи чинат над 2.000 eврa.
Новата спортска чанта, дизајнирана од познатата француска модна компанија Louis Vuitton, е причина за непријатни коментари и споредби со чантата што ја носи Mr Tumble од CBeebies. Mr Tumble глуми во неговото ТВ шоу CBeebies, Something Special. Kористи макатон, еден вид знаковен јазик, за да комуницира со мали деца.
На Louis Vuitton чантите, коjи чинат над 2.000 eврa, има точки како оние што се гледаат на чантите на Mr Tumble. Луѓето на социјалните мрежи ги коментираа сличностите, велејќи: „Дали некој во Louis Vuitton го гледа Mr Tumble?
Според Louis Vuitton, чантата е резултат на соработката со Jayoi Kusama, 93-годишнa јапонскa уметницa. Cе вели дека била инспирирана од сопственото детство, во Јапонија, во 1930-тите. Како детe гледала во црвениот дизајн на цветот на чаршафот, кој во нејзиниот ум се претворил во точки, исти што сега ги покриваат нејзините дизајни.
Сепак, не сите се љубители на „детски“ дизајни коjи чинат над 2.000 eврa. Во гласањето за тоа која чанта е подобра, Mr Tumble излезe како победник./М.М.