Годинава Valentino Garavani ја започнува со надополнување на чевлите и сандалите на платформа со нови нијанси, како и со малку поинакво стилско поместување. Новите модели на платформи, според брендот, се храбар и женствен симбол на современата привлечност.

Платформите на Valentino Garavani, наречени уште и Tan-Go, дебитираат во нови нијанси и силуети што ја зголемуваат нивната сензуалност.
Популарноста на чевлите на платформа, најблиски до оние што сега се промовираат, датираат од раните 1970-ти, кога се носеа со супер мини здолништа или фармерки – ѕвонарки. Овој стил на чевли и сандали беше сеприсутен, а со мали разлики во височината на платформата, ги носеа и мажи и жени.
Платформите беа повторно во тренд и во доцните 1990-тите кога, меѓу другите, ги популаризираа групата дејвоки – Spice Girls.


Во тој период чевлите на платформа се најдоа во речиси сите стилови. Така е и сега, кога стилот повторно заживува до таму што се промовираат и патики со платформа. Денес, овој стил е најдобар за жените који сакаат да добијат малку во височина, со лесни, стилски издржани и удобни чизми, чевли или сандали./М.М.

You may also like

Comments are closed.