Лансиран на почетокот на годинава, My Way Parfum на Giorgio Armani е најавен како интензивна и слатка верзија на цветниот потпис на истоимениот парфем од 2020 година. Мирисот на Armani сега го претставува Sydney Sweeney од Euphoria, хитот на HBO.
Преставен како елегантен, цветен мирис кој буди емоции и искуства. Создаден е од внимателно одбрани состојки. Според брендот, последниот дел од цветниот, дрвенест и ванила мирис е најинтензивен досега. Се одликува со состојки од одржливи извори и шише што се полни како и другите изданија на линијата.
Најновиот парфем на Armani се отвора со свежи, цитрусни ноти на масло од бергамот од Калабрија, цветови од портокал, и масло од горчлив портокал од Египет. Во срцето на парфемот е контраст помеѓу соларните, кремасти кадифени ноти на тубероза од Индија и свежината на ирисот од Франција. Ванила и дрвенестата база се засилени со ноти на кедрово дрво од САД и ванила Бурбон, инфузија од Мадагаскар, засилени со бел мошус./М.М.