Се јави и првиот бранител во скандалот на Balenciaga – британското издание на магазинот Glamour. Велат дека мечињата во фетиш облека во рацете на четиригодишни деца, како и судски документи за педофили, на Balenciaga, биле само „снимање со лош вкус, без значајни докази дека е нешто повеќе, без разлика, колку е примамливо да се верува во спротивното„.
Текстот, што пледира да биде издржана анализа, има голем и мал наслов: Како скандалот Balenciaga ги подгрева десничарските теории на заговор (и што да се прави во врска со тоа)
Ѓаволот носи… Balenciaga?
Во обемниот текст во кој како причината и поводот да се целосно небитни, има сатанизам, параноја, десничари, тероија на заговор и многу други нешта, а цитиран е и повикан да ги толкува реакциите на јавноста и на социјалните медиуми, Mike Rothschild, новинар и автор на The Storm Is Upon Us.
Во еден од неговите цитати пишува: „Q (конспирација н.з.) им овозможува на луѓето да се чувствуваат како да се дел од нешто поголемо, од нивните мали животи. На верниците им дава повисока и благородна цел. Нуди објаснувања за страшни работи…
…Оваа работа е многу штетна и чудна и, прави да се чувствуваш како да допираш нешто забрането. Мислам не го правите тоа, но мислите дека го правите, затоа што остатокот од вашиот живот едноставно не е толку интересен“, истакнува Rothschild кој своите теории на заговор ги достанува и до Белата куќа.
„И, се разбира, луѓето околу вас, тие не сакаат да слушнат за такви работи […] И тоа е многу отуѓено за сите други, и ве изолира и ве принудува подлабоко кон заедницата на други луѓе кои веруваат во исти работи , истакнува Rothschild, објаснувајќи го дејствувањето на конспирацијата.
Врз ваква основа Glamour ја поставува заклучната теза: „Можеби звучи екстремно да се заклучи дека вклучувањето во далечни теории за Balenciaga може да доведе до целосна параноја, но, за жал, конспиративните теории токму така функционираат.
Па, како да ја повикаме Balenciaga за нивните постапки, без да ги поддржуваме екстремно десничарските заговори, прашува Glamour? „Држете се до вистината“, препорачува Mike Rothschild.
Таа пак, вистината, за Balenciaga и за Glamour, има прашање и констатација: „ Дали снимањето на Balenciaga беше лош вкус? Да, секако. Но, едноставно нема значајни докази кои сугерираат дека е нешто повеќе од тоа. Без разлика, колку е примамливо да се верува во спротивното„.
Да потсетиме: Balenciaga се најде во скандал со своите две последни рекламни кампањи, објавени кон средината на минатиот месец.
Во празничната рекламна кампања на Balenciaga се слики на деца који држат чанти- играчки, мечиња во BDSM опрема. Во пролетната кампања пак хартиите што се користеле како реквизити за снимањето , му припаѓаат на Врховниот суд и од 2008 година се, во случајот САД против Вилијамс, за сексуална злоупотреба на деца.
Кампањите се симнати од сите платформи на Balenciaga, а на Инстаграм Stories се издадени и официјални извинувања.
Досега се лиферувани две соопштенија во који со прстот е покажано кон извршителите на рекламните задачи. Имаше и најави на судски процес који потоа бргу се повлечени, без издржано објаснување.
По десет дена молк, веројатно со нова стратегија, прв магазинот Glamour ја постави одбраната, вртејки со прстот кон добро проверени непријатели: сатанизам, параноја, десничари, тероија на заговор …
Мошне е извесно дека наскоро ќе се јават и други, слични Glamour-овци, како што е извесно дека нема долго да чекаат на одговор. Од сите./М.М.