Во тек е изградба на населба со сто 3Д-печатени домови во Тексас, ко-дизајнирани од данското архитектонско студио BIG и американската градежно- технолошка компанија ICON.
Проектот се реализира во Џорџтаун и има за цел да биде најголема населба во светот, изградена со технологија за 3D печатење.
Населбата се вика Wolf Ranch и ќе има домови во осум различни дизајни, со по три, односно четири спални соби и со вкупна површина од 146 до 196 квадратни метри.
За печатење на структурните елементи на домовите се користи роботскиот градежен систем Vulcan на ICON. Машините користат сопствен бетон развиен од ICON , наречен Lavacrete, кој според компанијата, е „исклучително издржлив градежен материјал“ кој може да се печати со големи брзини. Според ICON, роботиката овозможува ѕидовите да се „произведат со помалку отпад и со поголема слобода на дизајнот“.
„За прв пат во историјата на светот, она што го гледаме овде е флота од роботи кои градат цела заедница на домови“, вели коосновачот на ICON, Jason Ballard. „Градиме не било какви домови, туку домови кои се подобри во секој поглед. Во иднина, верувам дека роботите и беспилотните летала ќе градат цели населби и градови .
Домовите ќе бидат на две нивоа, со тоа што и ѕидовите и дел од мебелот ќе бидат испечатени. и дел од мебелот. Куќите ќе наликуваат на класични ранч – куќи во Тексас
Цените на домовите ќе бидат од 400.000 американски долари и ќе бидат достапни за купување во 2023 година.
Во САД со 3Д-печатење се прави двокатна зграда во Итака, Њујорк и 3Д-печатени домови во Калифорнија кои ги гради компанијата Mighty Builders./М.М.