Jonathan Anderson за шпанскиот моден бренд Loewe дизајнира облека за некои други времиња.
Слично како и во последните неколку сезони, дизајнерот го продолжи своето истражување на надреалната мода и во колекцијата наменета за наредните пролет и лето.
Играта со пропорции стана потпис на Loewe, а во последните колекции доби ново значење бидејќи Anderson ги замаглува границите помеѓу реалното и лажното, вештачкото и актуелноста.
Празниот простор за изложби во Париз, на кој е одржана ревијата беше целосно бел, освен грандиозниот антуриум. Моделите носеа различни големини и форми на цветот кој е „производ на природата а изгледа како објект на дизајн и се третира како таков“, како што се вели во соопштението на брендот. Ревијата може да се проследи на следниов линк:
Колекцијата го намалува облекувањето до нејзината суштина, за потоа да ја однесе на нови височини. Чевлите се изработени од издишани балони или направени да изгледаат како надуени балони што го опфаќаат стапалото. Ултра кратките бебешки фустани, доколку можат да се наречат фустани, некогаш се покриени со куси ловечки јакни, со нежни цветни врвови. Фустаните со длабоко деколте имаат наметки што висат до подот и здолништата со поткренат преден дел, се меѓу дизајнерските предизвици.
Еден изглед веднаш стигнаа до Инстаграм: едноставната маичка исцртана со графички црни „пиксели“ и со вештачка сенка, за да изгледа замрзната во движење, споена со панталони испечатени за да изгледаат матно и со пиксели, како да излегле директно од Minecraft.
Креативниот директор Jonathan Anderson прашува што навистина сакаме од нашата облека – и модата воопшто. На сето, на свој начин, се надоврзува и машката колекција во која растенија никнуваат од облеката и обувките, како спој на природата и технологијата – „на органското и фабрикуваното“. Таа колекцијата е дизајн на креативниот директор Jonathan Anderson во соработка со шпанската био-дизајнерка Paula Ulargui Escalona./М.М.