Легендарниот дизајнер Karl Lagerfeld и неговото наследство во светот на модата ќе бидат тема на наредниот хуманитарен настан Met Gala, што традиционално се одржува во првиот понеделник на мај, соопштија од The Metropolitan Museum of Art’s.
По тој повод, во Metropolitan Museum of Art’s Costume Institute ќе биде организирана изложба насловена како Karl Lagerfeld: линија на убавина, (Karl Lagerfeld: A Line of Beauty) со 150 негови оригинални изгледи од времето во Balmain, Patou, Chloé, Fendi и Chanel, заедно со нивните оригинални скици.
Изложбата ќе се одржува од петти мај до 16 јули 2023 година, во галериите на Met’s Tisch.
Дизајнерите со кои Lagerfeld има соработувано истакнуваат дека тој скицирал се, велејќи дека може да црта пред да зборува или да работи. На многу начини скицирањето било и негова примарна форма на комуникација, без оглед дали скиците ги доставувал по факс или мобилен. Затоа, во срцето на изложбата ќе биде еволуцијата на дводимензионалните цртежи на Karl, во тродимензионална облека… Ќе биде интересно да се види како креативните директори, дизајнери, уметници и познати личности ќе се надоврзуваат и вградуваат во наследството на Lagerfeld, преку нивниот изглед на мајскиот Met Gala.
Главен спонзор на изложбата е Chanel, поддржан од Fendi, Condé Nast , како и модната куќа на Lagerfeld. Другите организатори и домаќини на настанот наскоро ќе бидат објавени./М.М.