Годинава холивудскиот актер Brad Pitt реализира неколку значајни проекти кои во наредниот период деловно ќе го поврзуваат, освен со филмската, и со модната индустрија. По кошулите со копчиња од полудраго камење Brad Pitt сега лансира и веганска, родово-неутрална линија за нега на кожата наречена Le Domaine, која ги поврзува науката и природата. Партнери во овој проект се семејството Perrin, реномираните винари на Château Beaucastel кои се партнери во Miraval rosé проектот на актерот.

Линијата за нега на кожата Le Domaine се фокусирани на концептот „од вино до кожа“ и содржи четири производи, поддржани со истражувања за забавување на знаците на стареење на кожата, со користење на природни состојки добиени од лозјето на Perrin’s Château de Beaucastel, во долината Рона во Франција.

Линијата вклучува серум, крем, течен крем и емулзија за чистење на кожата со цел да понуди „промислен, одговорен пристап“ за нега на кожата против стареењето. Тие се карактеризираат со „моќна комбинација“ од две ексклузивни активни состојки GSM10 и ProGR3, развиени во соработка со професорите Pierre-Louis Teissedre и Nicolas Lévy.
Истражувањата се започнати пред 15 години со Универзитетот во Бордо, за се определат 13-те сорти грозје и да се идентификува комбинацијата со најмоќни антиоксидантни ефекти. Резултатот е GSM10, патентирано активно соединение извлечено од семките и кората на грозјето Beaucastel, со максимална антиоксидантна моќ за поцврста, сјајна, поеластична и помазна кожа. Lévy го предводеше истражувањето за прогерија, исклучително ретка генетска болест која предизвикува брзо стареење кај децата, ги искористи своите наоди за да развие козметичкото активно соединение ProGR3 е добиено од три природни молекули присутни во растителните екстракти, лозарници, камилица и зелен чај, способно да го забави природниот процес на стареење. Brad Pitt се зздруи со семејството на Château Beaucastel за да лансира бренд и колекција на производи за нега на кожата.


Brad Pitt во изјавата посочува дека се работи за своевидна имитација на органските циклуси на природата и на нејзината оригинална убавина. Семејството Perrin додава дека идејата пораснала благодарение на сознанието дека проектот може да оди многу подалеку благодарение на синергиите никогаш досега истражени во светот на убавината. Од интуиција до намера, се роди Le Domaine Skincare.
Le Domaine Skincare е достапна на интернет на le-domaine.com. Од октомври, ќе биде и во продавниците. Од брендот додаваат дека имаат планови производи да бидат присутни на секој континент во рок од три години./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.