Офанзивниот фронт против Ковид-19 иницира бројни истражувања и во доменот на превентивната исхрана. Постојано се прават истражувања. Истражувачите така имаа утврдено дека луѓето кои јадат храна богата со флавоноид, имаат помала веројатност да добијат инфекција на горниот респираторен тракт или настинка. Здравата, урамнотежена исхрана е битен фактор во зајакнување на имунолошкото здравје, а така и да помогне да се намалат можностите за зараза.
Еве што се препорачува како храна за подобар имунитет и превентивна заштита:
Боровинките, покрај витамин Ц, содржат и еден вид флавоноид, наречен антоцијанин, кој има антиоксидантни својства кои можат да помогнат во зајакнување на имунитетот. Студија од 2016 година откри дека флавоноидите, играат суштинска улога во имунолошкиот одбранбен систем на дишните патишта.
Истражувачите откриле дека луѓето кои јадат храна богата со флавоноид, имаат помала веројатност да добијат инфекција на горниот респираторен тракт или настинка отколку оние кои не ја јаделе.
Сите агруми, пред се портокалите и киви се одличен извор на витаминот Ц, кој е многу баран особено во текот на зимите кога се зголемени можностите од инфекции на дишните патишта. Витаминот Ц може да го намали времетраењето на симптомите на настинка и да ја подобри функцијата на имунолошкиот систем.
За оние кои го одбегнуваат овошниот шеќер, пиперките се одличен алтернативен извор на витаминот Ц. Лукот како народен лек може да помогне и во спречување на настинка, па затоа долго време се користи во народната медицина. Редовното консумирање на лукот го намалува ризикот од настинка.