Супермоделот од деведесеттите Linda Evangelista (57) се појави на септемвриската насловна страница на британски Vogue, а сите веднаш се запрашаа дали тоа значи дека успеала да ги залечи последиците од естетската процедура од 2016 година.

Имено, Linda Evangelista тогаш беше подложена на методот на замрзнување на масните клетки на со методата CoolSculpting по која се соочи со неконтролирана хиперплазија на масното ткиво.

Иако фото сесијата и пригодниот видео албум изгледаат како нејзино големо враќање на модната сцена, Linda Evangelista вели дека нејзината вилица и вратот не се како на фотографиите.

Со селотејп и гумени ленти повлечено е лицето нагоре, а сето е прекриено со шалови и капи. На прашањето во интервјуто дали психички и емоционално се опоравила од целата ситуација, Evangelista вели дека не, но дека е многу благодарна за поддршката што ја добила од пријателите и од модната индустрија.
Ќе биде тешко да најдам работа без ретуширање или лепење, објаснува Evangelista, додека позира за Vogue, во неколку различни комбинации, но со истиот моден додаток – марами.

Linda Evangelista е родена во Канада, а во светот на модата е од осудесетите години. Во децениите кои уследија беше муза на многу фотографи и дизајнери. За различни модни кампањи ја фотографираа најголемите: Peter Lindbergh, Richard Avedon, Irving Penn, Francesco Scavullo, Herb Ritts, Bruce Weber, Gian Paolo Barbieri…
Заедно со Naomi Campbell и Christy Turlington, беше во првата група на супермодели, позната како “The Trinity”, на која набрзо им се придружија Cindy Crawford и Tatjana Patitz. Освен фотографи, таа инспирираше и модни дизајнери.
Во 1985 година почнала да работи за Karl Lagerfeld кој велеше дека нема попрофесионален модел од неа. Беше и муза на Gianni Versace.
Таа е првата што направи премин од фото модел во модел за на модната писта.


Многу модни дизајнери ја издвоија како икона на осумдесеттите и деведесетите, веднаш по Veruschke во шеесетите и седумдесеттите години на дваесеттиот век. Таа секогаш беше вклучена во создавањето на ликот што го претставува во кампањите. Стилистот Paul Cavaco постојано нагласуваше дека всушност таа е најодговорна за сликата што ја гледаме, било да е тоа на билборд, во списание или било кој друг медиум. Според стилистот таа го има претворено манекенството во уметност.
Затоа и беше малку чудно како таа едноставно „исчезна“ во 2016 година, за во септември 2021 година јавно да објасни зошто не е присутна во модниот свет и јавноста, односно како третманот за подмладување ја има изобличено. Ги тужеше CoolSculpting и се спогоди надвор од судот за отштета.
А потоа ете, се „врати“ на насловната страница на британскиот Vogue.
Освен интервју во прилогот за Linda Evangelista се вклучени уште неколку текстови за неа, како и видео приказна снимена за каналот You Tube, каде што Linda Evangelista се осврнува на познати и помалку познати моменти од својата модна кариера.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.