Johnny Depp доби нов договор од Dior според кој останува заштитно лице на тоалетната вода Sauvage, која ја промовира од 2015 година.

Холивудската ѕвезда останува со Dior’s Sauvage во наредните неколку години, согласно договорт кој, според медиумите, има седум цифри.
Според TMZ, Johnny Depp го потпишал новиот договор откако модниот фотограф Greg Williams присуствувал на еден од концертите на Depp и Jeff Beck во Париз. Тогаш направената фото-сесија со Depp ќе се користи во нова рекламна кампања на Dior.
Johnny Depp за прв пат потпиша со Dior во 2015 година, но откако поранешната сопруга Amber ги изнесе своите обвинувања, рекламата за Sauvage престана да се емитува на телевизиите во САД.
Кога постигна победа рекламата повторно почна да се емитува во ударните термини на FOX. Согласно договорот, уште долго ќе го гледаме Depp во Dior Sauvage./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.