Создадено е првото „месо„ во светот целосно од растително потекло, дизајнирано специјално за храна за домашни миленици.
Стартапот за храна за домашни миленици PawCo создаде храна за кучиња направена од „месо„ од растително потекло. PawCo е основана од д-р Mahsa Vazin, претходно вработена во Impossible Foods, која вели дека целосно е посветена да им помага на сите крзнени пријатели, со цел да живеат среќен и здрав живот.
Создадено е првото „месо„ во светот целосно од растително потекло, дизајнирано специјално за храна за домашни миленици. Направено да биде како и традиционалното месо.
Во PawCo велат дека неговиот рецепт ги содржи сите есенцијални амино киселини, витамини и минерали кои им се потребни на повеќето возрасни кучиња за да напредуваат.
Производите содржат растителни протеини измешани со различно овошје и зеленчук, вклучувајќи путер од кикирики и јаболко, зелена мешавина и моркови, и боровинки и зеленчук.
Бидејќи храната не содржи производи од животинско потекло, се препорачува и за домашни миленици со алергии. Компанијата е поддржана од тим научници и нутриционисти за домашни миленици кои стојат зад проектот изјавувајќи дека производите ги исполнуваат или ги надминуваат стандардите за хранење AAFCO.
Со отстранување на животните од синџирот на храна за домашни миленици, компанијата се надева дека ќе ја подобри грижата за домашните миленици, а истовремено ќе го намали влијанието врз животната средина на производството на храна за кучиња./М.М.