По се изгледа дека холивудскиот актер Brad Pitt се наоѓа во некоја своја посебна модна фаза. На промоцијата на новиот филм, Bullet Train, низ светските метрополи, се појавува во за него крајно невообичаена облека.
Така, на црвениот ќилим во Лос Анџелес се појави во светло зелен ленен костум, жолта поло кошула и златни патики од Adidas X Gucci Gazelle.

Минатиот месец, актерот стана вирален кога носеше ланено здолниште на црвениот тепих на Bullet Train во Берлин, додека во Лондон беше облечен во темно зелен костум со slip-on патики. Во Париз, костумот од лен беше темно син, со сина маица со розови детали.

Сепак, упатените тврдат дека и облеката е во функција на промоција на филмот, односно дека е дело на дизајнерот Haans Nicholas Mott, кој ги има направено сите изгледи на Pitt во Bullet Train./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.