Изминатиов викенд Сиракуза беше светот на Domenico Dolce и Stefano Gabbana: со пригодни модни ревии и настани одбележени се десет години Алта Мода, за која велат дека ги научила дека сè е можно.
Во древната Сиракуза на веќе сценски совршената Пјаца дел Дуомо, беше поставена дополнителна сценографија за да се потенцира драматичниот епилог на Cavalleria Rusticana: епски момент кој ја раскажува приказната за Сицилија „но и за тоа какви сме ние: во семејствата, чувствата, верата, страста“, велат дизајнерите.
Приказните за Сиракуза и Cavalleria Rusticana се основа за пристап кон колекцијата на Долче Габана Алта Мода: уникатните парчиња евоцираат исклучителна убавина, традиции и безвременска италијанска изработка.
Колекцијата ги усогласува атмосферите и конкретната естетика почнувајќи од белите фустани кои го опишуваат барокот, со црните чипкани фустани, со влошки во микадо на кадифе или свилен креп. Ова црно што собира сè е нашата меморија, нашето семејство, сензуалноста и многу работи заедно, објаснуваат Domenico Dolce и Stefano Gabbana. Секогаш кога пристапуваме кон ново искуство, гледаме дека е можно да се обидеме да создадеме нешто посебно.
Од богатството на барокот до страсните чувства, колекцијата Le mythe de Syracuse е инсценација на суштината на брендот Dolce Gabbana.
Прекрасната вечер во Сиракуза ги собра Drew Barrymore, Mariah Carey, Sharon Stone и Helen Mirren во фустани специјално дизајнирани за нив од Dolce Gabbana.
Вечерта по пртставувањето на Le mythe de Syracuse наменета за жените, уследи презентација на голема машка колекција на Domenico Dolce, во сицилијанското рибарско село Марзамеми. Долче и Габана се инспирираа од арапското наследство на улиците со калдрма. Рубини и дијаманти трепкаа од кадифените влечки; и имаше постојани референци за античките борбени регалии на Блискиот Исток. Украси за гради, маски за лице со украси што потсетуваат на персиски шлемови.
Дизајнерите за прв пат ги користеа истите занаетчиски техники што ги користеа за женската колекција: одлично собран сатен, уредно плисиран шифон, елементи на корсети. Тоновите на оваа колекција во целина зборуваа за арапското минато на Марзамеми. Потврда се појасите со мониста и аметист што изгледаа калеидоскопски и ги менуваат боите при движење.
Слоевитостам разиграна помеѓу проѕирното и непроѕирното, и даде на колекцијата к одредена мекост. Се чувствуваше богато и топло – иако и класичниот човек од Dolce беше присутен во изгледите.
Но, експерименталниот човек ќе има многу да избере. Неколку часа пред ревијата, дизајнерите зборуваа за минатото и за тоа колку раскошно се облекувле мажоте – со капи,наметки, чизми и накит. Под кожата на секој маж, рекоа, се крие одредена суета. Оние кои ја препознаваат, ги чека италијанското дуо./М.М.