Далеку од вообичаено парче мебел, а благодарение на формата и дизајнот – Segda е скулптурална единица која, и покрај малата сличност со стол и маса за кафе, служи за посочената намени.

Столот и масичката за кафе Segda во дизајнот имаат калиграфски линии и заоблувања.

Segda Seat & Coffee Table се далеку од вообичаено парче мебел – благодарение на неговата форма и дизајн: и покрај обликот, оваа скулптурална единица, служи за двете намени. Инспириран од калиграфијата, Segda Seat & Coffee Table се карактеризира со меки облини и линии, но и со импресивна функционалност.


Турското дизајнерско студио Nüvist го дизајнираше ова уникатно парче мебел во калиграфска форма. Користени се и дизајнерски манипулации за функционалност. Делот за седење и потпирачот за нозе се направени од едно парче. Нема напред или назад, бидејќи нема почетна или завршна точка на столот. Може да се седи и на предната и на задната страна. Привлечната форма на дизајнот е надополнета со повеќе бои.


Нема сомнеж за тоа како во Nüvist го доживуваат дизајнот. Според зборовите на креаторот, Segda Seat & Coffee Table е дизајнирана за секојдневна употреба, но исто така и за настани како конференции или за барови и бистроа./М.М.

You may also like

Comments are closed.