„Никогаш не било поважно да се покаже дека креациите треба да се прават да траат“, вели уметничкиот директор на женски колекции на Louis Vuitton, Nicolas Ghesquière, кој на годинешниот хуманитарниот моден настан Met Gala изведе спектакуларна демонстрација на посветеноста на Louis Vuitton за кружната мода.

Emma Stone, Hoyeon Jung, Gemma Chan и Cynthia Erivo се меѓу 14-те амбасадори и пријатели на модната куќа кои за настанот беа облечени во архивски или претходно носени дизајни на Louis Vuitton .
Во една од најголемите и најгледани ноќи во годината посветени на модата – на индустрија која традиционално е опседната со новото – овој потег на Louis Vuitton беше моќна порака за посветеноста на куќата на кружна креативност, како и на личните убедувања на нејзиниот уметнички директор./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.