Британските медиуми деновиве ја открија дневната рутина на повеќе познати личности, меѓу кои е и Kate Middleton, Duchess of Cambridge, кои користат спилантол, за младешки изглед и затегната кожа. Станува збор за препарат кој многумина го нарекуваат „природен ботокс“ и „ботокс во шише“, но нема врска со ботулинскиот токсин.

 

Спилантол е локален анестетик од растително потекло кој може да се нанесува неколку пати на ден, а делува така што значително ги намалува дури и брчките околу очите за еден час!

Дерматолозите го потврдија неговото позитивно дејство, но моментално нема долгорочни студии кои би ги објасниле неговите ефекти и можните несакани ефекти. Но, производите кои го содржат ги поминале строгите прописи на Европската унија кои се однесуваат на козметиката, поради што се наоѓа во одредени козметички препарати.

Без разлика дали се нанесува преку серум или дневен крем, овие производи се користат едноставно – со нежно масирање на кожата на лицето. Не вклучува употреба на какви било игли или шприцови, а делува многу слично на ботоксот. Често се комбинира со други активни состојки како хијалуронска киселина, витамин Ц, па дури и ретинол.

Спилантол е масна киселина која се добива од растението Acmella oleracea. Се верува дека е одговорен за локалните анестетички својства на растението. Спилантол продира во човечката кожа, што резултира со локална анестезија чиј интензитет е во зависност од системските фармаколошки концентрации.
Acmella olerace е позната и како растение за забоболка во племенските заедници низ Јужна Америка и Азија, каде што цветовите се џвакаат за да се ублажи забоболката. Се верува дека овој анестетички ефект доаѓа од стимулирање на јонскиот канал на рецепторот присутен во устата.
Сите информации за новата козметика базирана на спилантол можат да се најдат на следниов линк: https://www.spilanthox.com/en/how-it-works/

You may also like

Comments are closed.