Rich Mnisi, креаторот на најновата колекција во која работи за Adidas, во претставувањето на новите модели истакнува: „Возбуден сум што ќе ја претставам мојата прва колекција, создадена во партнерство со adidas. Асортиманот на облеката и начинот на живот упатуваат на желбата за славење на животот: канализирање на мантрата на мојот сопствен бренд и славење на наследството на мојата татковина и мојот народ, који ми помогнаа да стигнам на местото на кое што сум денес“.

Новата ADIDAS X RICH MNISI е со порака: да се живее животот исполнет со сите бои. Таа доминира во сите модели со живи тонови и спротивставени принтови, а потоа и со смелата изведба и начин на живот, инспирирани од татковината на Рич Мниси. /М.М.

 

You may also like

Comments are closed.