A Kiss from a Rose на парфемската куќа By Kilian е нов цветен женски парфем, чиј креатор е Alberto Morillas.
Kilian Hennessy и Alberto Moriljas инспирацијата за парфемот ја наоѓаат во контрастот на розата и трнот. Нежниот цвет и остриот трн се двете страни на розата – приказна за убавината и опасноста што постојано се надополнуваат во контраста. Поената не е само во мирисните ноти, кои одамна го поминале тестот на времето, туку и во сензуалната женственост што овов цвет ја пренесува и симболизира.
Приказна за мирисот се отвора со воздушест зелен акорд, потоа се надополнува низ цветните напливи од роза и јасмин. „Rose de Mai“ го зазема централното место како богат еликсир, добиен од Грас во Франција, додека нотите на јасминот Самбак од Кина танцуваат околу неа – зелени, овошни и малку слаткасти. Конечно, White Musk и Cypriol Essence ја продолжуваат патеката на мирисот, заокружувајќи ја неговата мека сензуалност.
Деталите се на: https://www.bykilian.fr/en-e-fr/product/19797/90387/parfum/a-kiss-from-a-rose/floral-perfume#/sku/135684