Декаденцијата и таинствениот шарм на 1930-те на модните писти на London Fashion Week
Осврнувајќи се и сублимирајќи го последното издание на модната недела во Лондон, основниот и доминантен впечаток е дека пост-пандемиската мода како повторно да го оживеа гламурот од 1930-тите, како и изгледите на холивудската златна ера. Се чини дека дизајнерите напорно се труделе да зрачат со извонредна елеганција што само лондонската модна сцена може да ја поттикне. Исто како што беспрекорно облечените жени од 1930-тите облекоа декадентна и блескава вечерна облека, за да се спротивстават на мрачната бура на големата депресија, Лондонската модна недела обезбеди инјекција на грандиозни тоалети во светлината на бурната мелодрама по пандемијата.
Erdem Moralıoğlu годинава создава создава инспириран од стилот на петте столба на берлинската културна сцена од 1930-тите. Колекцијата содржи свилени фустани, лесни шалови и плетени капи, популарни во тоа време, сега ажурирани со поглед преку современ објектив. Како и политичките немири во Германија пред Втората светска војна, пригушената палета на бои додава елемент на морничава модна драма.
Richard Quinn, познат по своите пуф-бол фустани со живописни цветови, не разочарува кога станува збор за величественоста со високата елеганција. Есенската колекција на палта и шапки, во стилот на оние на Wallis Simpson, нотата на 1930-тите ја преземаат за основна и ја осовременуваат до нивото на пост-пандемиска мода .
Иако инспирацијата на Harris Reed потекнува од кралицата Викторија и од книгата „60 години Кралица„ на Sir Herbert Maxwell, од 1897 година, во колекцијата се присутни и елементите од почетокот на 20 век. Видливи се низ големите свилени машни, украсени со тантела, како вечерна облека, во комбинација со оперски ракавици и со прекрасни здолништа, токму како во париската мода во триесеттите. Волшебните тоалети на Harris Reed, упте еднаш ја потврдија неговата подготвеност, но и неприкословеност, кога е во прашање црвениот тепих./М.М.