Култниот бренд за убавина The Ordinary промовира три нови производи за нега на косата во чиј состав се сулфати. Правилно формулирани, сулфатите не ја нарушуваат бариерата на кожата и поседуваат супериорни способности за чистење во однос на други средства. Користејќи сулфат, The Ordinary создаде нова колекција за здрава коса и теме во која се: средство за чистење на косата и на телото, регенератор и серум за третман за скалпот.
По повод промоцијта на новите производи Prudvi Kaka, главен научен директор во DECIEM изјави дека колекцијата на Ordinary е дизајнирана за да го негува скалпот, заедно со негово ефективно чистење и навлажнување. Одржувањето на оптимално здравје на скалпот со заштита на бариерата на кожата, заедно со ефективно чистење и навлажнување се од исклучителна важност и ние сме во состојба да го постигнеме тоа со минимални состојки приспособени на специфичните потреби на косата и скалпот, посочи тој.
Колекцијата која содржи четири процентен сулфат за косата и телото (The Ordinary Sulphate 4% Cleanser for Hair & Body), регенератор со 2% беентримониум хлорид (The Ordinary Behentrimonium Chloride 2% Conditioner) и млечен серум со навлажнувачки фактори + HA (The Ordinary Natural Moisturizing Factors + HA) ќе се најде во продажба од 08.03.2022 година./М.М.