Млеко од компири е нов вид напиток од растително потекло, секако, освен досега создадените млека од соја, бадем, ориз, овес или кокос.
Млекото од компири е нов производ на шведскиот стартап DUG, сопственост на Veg of Lund, со седиште во Малме, градот од кој потекнува компанијата Oatly, која прави млеко од овес. DUG во моментов произведува три типови на млеко: Original, Barista и Unsweetened (незасладено). Млекото главно содржи компири, вода и масло од маслодајна репка. Содржи и витамини, вкусови и адитиви како протеини од грашок и влакна од цикорија.

https://dugdrinks.com/
Според DUG, одгледувањето на компири е земјоделски двапати поефикасно од овесот. Исто така, за компирот е потребно помалку вода отколку за одгледувањето бадеми. Компанијата тврди дека во споредба со млекото од животни, нивното остава 75% помалку негативен ефект врз климата./М.М.

You may also like

Comments are closed.