На Модната недела во Милано на ревијата на DSquared2 посветена на есен/зима 2022 беше присутен  Златан Ибрахимовиќ, инаку амбасадор на брендот  и , секако, фудбалер на Милан.

Освен пригодната среба со харизматичниот фудбалер, дизајнерите на DSquared2 Dean и Dan Caten пред почетокот на ревијата го изразија своето задоволство што се повторно пред публика и што двете години пандемија не ги запреле,туку, биле поттик новата колекција да ја посветат на излегувања, прошетки, патувања. Гардеробата за таквите повторни средби со патиштата и природата, според нив, треба да е соодветна: да блика од бои и материјали, да има нови ослободени линии и принтови и – од се да има многу, многу

 

Понудените рецепти на искусните дизајнери- миксолози, се сосема доследно преполни со сензационални контрасти, кои би можеле да се подветат под „хипи планинари“.

Секој изглед претставува разгледница во стилот на колекцијата. Палта со перелина ќебиња, со елеци и фланелни кошули, со шроц, килт или предимензионирани панталони и- на крајот-  крзнени алпски чизми во ретро стил. Навистина, тоа е модната линијата е Dsquared2 и нивен ДНК , филтриран низ надворешни, шарени, богати парчиња.

Момците од Dsquared2 со колекцијата за есен/зима 2022 година се обидуваат да се поврзат со нивната вистинска љубов –  мајката природа. По две години домашно облекување, Dsquared2  се враќаат на пистата со нови модни предизвици за патувања во природа, во нов стил – на хипи планинари. /М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.