Кога ја претставуваше машката пролетно/летна колекција на Moschino, Jeremy Scott потенцира дека е исполнета  со ентузијазам, дека е искрена и чиста, дури можеби и малку наивна.

Колекцијата како да е продолжување на она што Scott го создаде за време на пандемијата и периодот на заклучувањето. Имено, и тогаш дизајнерот предложи гардероба за сурфери на Moschino, но не како повик на бранови, туку како фантазија и слики од минатото – за во иднината. Тој сензибилитет секогаш ја поткрепуваше неговата работа.
Во предлогот на Scott има и неон комплети, потоа безвременски кошули со отпечатоци на хибискус и комбо, комбинации од јакни и кратки панталони. Материјалите го даваат тонот на некои прилично смели предлози за подигнување на нашиот моден дух.


Moschino колекцијата за пролет/лето 2022 година не враќа во времето на кусите панталони и опремата за сурфање од осумдесетите години на минатиот век.
Во време на постоните ограничувања за патувања и забави, Jeremy Scott се сеќава на едно поинакво време, но и го посакува за во скорешна иднина. За Scott , животот е мјузикл, или барем таков требало да биде./М.М.

 

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.