Од Nike навистина не се очекува да прави обувки со потпетици. Сепак, брендот направи изненадување! Во соработка со Rei Kawakubo и COMME des GARÇONS, претстави ексклузивен и преработен пар фудбалски копачки со потпетици.

Nike Premier се копачки со 6 см потпетици, изработени од издржлива црно-бела пластика, исто како и на обичните копачки. Вклучуваат и ѓон со мали крампони, заедно со препознатливиот Nike swoosh од страните.


Коментирајќи за новиот модел, Kavakubo истакна: Моделот Nike Tiempo Premier првпат беше претставен во 1992 година. Овој нов дизајн е изработен од цврста платика и од кожа и доаѓа во црно-бела комбинација./М.М.

You may also like

Comments are closed.