“Switch Off for your loved ones”е пораката на кампањата со која се повикуваат родителите за празниците да ги исклучат телефоните за да бидат со своите најмили. Имено, кинеската технолошка компанија Vivo претстави нова кампања, создадена за индискиот пазар во пресрет на новогодишните празници, насловена како “Switch Off for your loved ones”(Исклучете, за вашите сакани)
Кампањата е базирана врз истражување на Vivo и CyberMedia Research, според кое 74% од родителите сметаат дека нивното прекумерно користење на паметни телефони им наштетило на односот со нивните деца. Со тоа, пораката на Vivo е јасна: „Исклучете ги телефоните и посветете им внимание на вашите блиски и сакани“. Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Lowe Lintas India.
Во спотот детето му се обраќа на својот татко во кола, во која двајцата се возаат, а таткото постојано гледа во својот телефон. „Тато? Мислам дека станав досаден“,вели детето и образложува дека неговиот најдобар пријател повеќе не му прави муабет како порано. Кога на таткото ќе му текне дека „најдобриот пријател“ е всушост тој, го исклучува телефонот и го прегрува синот./М.М.

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.