На сајтот и електронската продавница на Pat McGrath Labs брендот на славната шминкерка Pat McGrath отпочна продажбата на нејзината најнова колекција за шминка, инспирирана од Bridgerton, серијата што се емитува на Netflix. Колекцијата така е и наречена – Pat McGrath Labs x Bridgerton и тоа е можеби првата колекција инспирирана од Regency периодот, од почетокот од 19. век.
Pat McGrath всушност преку својата колекција оддава почест кон историската драма со колекција шминка која со дизајн и бои ги доловува кралевските теми.
Од секогаш бев опседната од Regency ерата и бев одушевена од идејата да и одадам почест на култната убавина на овој историски период, објаснува Pat McGrath преку својата објава на инстаграм, признавајќи дека веднаш била одушевена од Bridgerton серијата./М.М.

More in:Шминка

You may also like

Comments are closed.