La Liste ги избра најдобрите ресторани во светот во конкуренција не помала од 1000 ресторани. Guy Savoy и неговиот ресторан во Monnaie de Paris го завзедоа првото место на ова рангирање. https://www.guysavoy.com/en/
La Liste го прогласи ресторанот на Guy Savoy во La Monnaie de Paris за најдобар ресторан во светот. Рангирањето е врз основа на алгоритам кој собира рејтинзи од 970 извори и 28.000 референци ширум светот.
Кредото на Guy Savoy подразбира зачувување на оригиналниот вкус и идентитет на производите во јадењата. Потрага по естетика – затоа што е доброто внатре треба да биде убаво и однадвор. Чест е да се користат најдобрите техники, но и да да се биде храбар во потрагата по нови јадења. Инсистира на почитување на годишните времиња при готвењето, бидејќи квалитетот може да се добие само кога човекот ќе се поврзе со својата околина.
Ресторанот досега има освоено три ѕвезди во Michelin водичот, три чинии во водичот Pudlowski и е наведен како еден од „Најдобрите маси во Париз“ во Lebey водичот.
Guy Savoy својот сон, да отвори свој ресторан во срцето на Париз, го остварил во 1980 година, за набргу потоа да го добие и првото признание – ѕвезда во водичот на Michelin./М.М.