Академијата за дизајн во Ајндховен го престави дипломскиот труд на дизајнерот Leo Maher, во рамките на Холандската недела на дизајнот. Станува збор за серијата необични парчиња мебел што комбинираат референци од целата историја за квир културата. Unfamiliar Passions (Непознати страсти) е серија од пет дизајни со асортиман на визуелни референци кои, освен што имаат практична функција, ја истражуваат и историјата и културата на хомосексуалноста, од времето на античките Грци и Римјани до денес.

Секое парче од серијата го истражува наследството на легенди, еуфемизми, девијантни однесувања и механизми за сигнали, забележувајќи како тие ги надминуваат културите и општествата, пред да завршат вткаени во модерниот геј живот, вели Maher.

Дизајнот на Maher е дел од изложбата на дипломираните студенти на Академијата за дизајн во Ајндховен, на која тој истакнува дека многу малку од неговите дизајни се засноваат на неговите сопствени искуства, но дека наоколу „сè повеќе ги наоѓа трагите“ . Тој се надева дека проектот ќе предизвика дискусија за транскултурната природа на хомосексуалноста. Сметам дека е навистина убаво и голема привилегија да ги видам овие квир наративи, вели Maher за Dezeen.
Колекцијата беше и дел од Dutch Design Week одржана од 16 до 26 октомври./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.