Jimmy Choo и Mugler создадоа мала капсула колекција подготвена за носење есенва и во текот на претстојната зима. Во годината исполнета со бројни соработки на модните куќи, Jimmy Choo и Mugler се последното дуо кое ги здружи силите во создавањето на нова, возбудлива кампања.
На Ѕci-fi инспирираната модна ревија настапија најпознатите модели, меѓу кои се и Bella Hadid, Amber Valletta и Lourdes Leon.
Sandra Choi, креативната директорка на Jimmy Choo и Casey Cadwallader, креативниот лидер на Mugler се обединија во создавањето на колекција што и дава приоритет и ја слави моќта на жената. Секој изглед е нагласен со пар футуристички потпетици, кои одговараат на тонот на модниот филм.
Колекцијата на капсули Jimmy Choo x Mugler ќе биде достапна на интернетот и во одредени продавници на глобално ниво. Колекцијата е прикажана во рамките на модниот филм на куќата Mugler.
Субверзивниот тренд, застапен во оваа капсула колекција, често е виден во делата на Mugler. Mugler, како и Barragán, своите посветени следбеници ги имаат на платформите на социјалните медиуми, како Instagram и Tiktok.
Сето делува како уште еден тренд инспириран од повторното оживување на модата Y2K, во која се користат комбинации од пригушени бои, проѕирни материјали и геометриски исечоци за да ја нагласат сексипилноста на човечкото тело. Трендот ја одразува и модната слобода, што дојде со појавата на пандемија./М.М.