Принудени сме да се збогуваме со долгите сончеви денови и да се подготвиме за куси денови и долги зимски ноќи. Заедно со намалувањето на сончевата светлина следи и заканата од недостаток на витаминот Д. Од суштинско значење за унапредување на здравјето на коските и на имунолошкиот систем, витаминот Д е тајната за борба против инфекциите и за одржување на здравјето во текот на зимата.

За да се надомести недостатокот на сонце, внесот на витамин Д може да се стабилизира со соодветна исхрана.
Еве ги продуктите што треба да се додаде во вашата исхрана за да го зајакнете имунолошкиот систем и да бидете среќни и здрави во текот на зимата.

Лосос
Омилениот протеин на TikTok не само што е богат со витамин Д, туку и е и еден од најдобрите извори на омега масните киселини и витаминот Б-12. Лососот го намалува воспалението, го промовира здравјето на срцето и помага да се одржи еластичноста на кожата.


Печурки
Богати со антиоксиданси и растителни влакна, како и со битаминот Д, печурките се неодминливи во зимската исхрана.


Жолчки од јајце
Без разлика дали ги сакате течни или варени, жолчките се преполни со есенцијални минерали, витамини и протеини. Жолчките од јајце го промовираат здравјето на имунолошкиот систем, го намалуваат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација и катаракта.


Портокал
Можеби еден од најомилените извори на витамин Ц, портокалите се исто така богати со витамин Д и калциум. Љубителите на нега на кожата ќе бидат среќни да слушнат, портокалите го промовираат производството на колаген, помагајќи да се постигне младешка и сјајна кожа.


Конзервирана туна
Без оглед на тоа дали ја сакате или мразите, конзервираната туна е еден од најдобрите извори на витамин Д. Високо со здрави омега масни киселини и железо, конзервираната туна е потценета суперхрана.


Тофу
Добиено од соја, тофу е полна со витамини и растителни протеини. Освен витаминот Д, тофуто е богато со железо, калциум и магнезиум./М.М.

You may also like

Comments are closed.