На отворањето на Academy Museum of Motion Pictures, Lady Gaga носеше Elie Saab Haute Couture фустан со извезени детали со кристали. Оценките беа дека изгледот на Lady Gaga е гламурозен. Saab создава впечатливи креации за црвениот тепих, се сложуваат сите, иако паралелно работи и ready-to-wear колекции, на кои се повеќе се концентрира во последниот период, по пандемијата. https://www.eliesaab.com/
Saab, како и повеќето дизајнери од неговата генерација, ретко го употребува монограмот, а кога и ќе се појави на коланот или модниот додаток, само е едно Е, од почетната буква на името. Тоа е различно сфаќање на трендот, повеќе графички и можеби малку во знакот на 70-тите години. Надвор од новото лого, она што ја разликува оваа колекција од неодамнешните е нејзината лежерност. Таа провејува во сите изгледи – од оние за ден и цел ден – до вечерните изгледи.
Духот на колекцијата е оптимистичен. „Сакате да го гледате животот но, на поинаков, полежерен начин“, вели дизајнерот,, сугерирајќи дека тој и неговите клиенти излегуваат од темните денови на пандемијата. „Бојата е сонце“, додава тој, објаснувајќи го изборот на дефинитивно живописните бои, во кои доминираат нијанси на корали, темно зелена и сино сина.
Целата колекција може да се проследи на следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=30byl7DNvqc&t=233s