Chanel ја открива новата амбасадорка на брендот, Jennie, пејачката од Blackpink, која ќе ја претставува линијата на зимска облека Chanel Coco Neige. К-поп sвездата е заштитно лице на кампањата на Chanel за 2021/22 година.
Новата амбасадорка позираше пред објективот на фотографското дуо Inez & Vinoodh. На впечатливите фотографии, Jennie носи зимски изгледи во палета на розова, црна и сива, во пуф – јакна, комбинезони и луксузна трикотажа која е комбинирана со слоевит накит.
Пејачката комбинира и спортска облека со мрежест превез и минијатурни чанти.
Тренди колекцијата, која комбинира елеганција и спортска облека, треба да пристигне во избраните бутици на Chanel на 19 октомври./М.М.
Chanel